Кинезите го возвраќаат ударот – телефоните iPhone ќе ги заменат со телефони на Huawei

0
198

Трговската војна која ја започна Трамп кај Кинезите го пробуди патриотизмот и иако последните месеци читаме дека има се повеќе корисници на мобилни телефони на кинеската компанија Huawei, ова е тежок период за компанијата. Сега на социјалните мрежи почна да се шири кампања за поддршка на Huawei, а кинеските компании нудат субвенции за купување Huawei телефони. Оваа објава кружи изминатите неколку дена откако Google им го ограничи пристапот до Android.

Аналитичарите веруваат дека може да се очекува се повеќе луѓе да купуваат Huawei. Една од колатералните жртви на Трамп може да биде токму Apple, кој во Кина годишно заработува околу 20% од приходите и профитот.иновативност.мк