Тоа се возила со кои сме пораснале, сме учеле да возиме, сме ги краделе од дома за да се прошетаме. Веќе долго време не се произведуваат, но се уште предизвикуваат многу емоции кога ќе се појават на улица. Има и такви кои ги чуваат и се во беспрекорна состојба.
Но, како би било кога би се организирала трка на старите и добро познати Zastava 750, Yugo, Zastava 101, VW 1200, Renault 4 i Fiat 126p. Што мислите кој би бил најбрз.
Ние немавме можност да ги собереме овие возила на едно место, но затоа на Youtube се појави ваква снимка. Секако не е важна каросерија – важна емашинерија. Овие „старци“ се уште одлично се држат. Сепак, еден е најдобар.
https://youtu.be/omdCHbDjlG0?t=424