Манчестер Сити победи во битката за титулата во Англија!

0
248

Во неизвесен и драматичен финиш во битката за титулата во Англија, победник е тимот на Манчестер Сити кој практично го одбрани пехарот освоен минатата сезона.

На Сити му требаше победа против Брајтон на гости за освојување на титулата, а тоа го сторија, и покрај тоа што имаа негатива од 1:0. На крајот со триумфот од 1:4, им падна камен на срцето на навивачите на „сините“.

Ливерпул, пак, оствари победа, но заостана во трката за само еден бод од новиот првак.