Независната група побара во понеделник да се направи тест за дрога за сите пратеници

0
210

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ денеска  ќе поднесе иницијатива до Собранието сите пратеници доброволно да направат тест за дрога.

„Бараме Собранието во понеделник, да овозможи услови и лекарски тим кој ќе може ова да го спроведе“, велат од пратеничката група.

Тие ги повикаа и сите други  политичари, актуелни и поранешни функционери, аднинистративни службеници, судии, обвинители, градоначалници и советници, да се придружат во намерата и како што велат да дадат „добар пример во борбата против (зло)употребата на наркотични средства“.

„Ги поттикнуваме сите вршители на јавни функции да го направат тестот доброволно“ велат од Независната пратеничка група.