Неизвесен настапот на Мадона на Евовизија (ВИДЕО)

0
118

Настапот на Мадона на Евровизија во Тел Авив е доведен во прашање, бидејќи пејачката се уште не го потпишала договорот, соопштија организаторите на Евросонг.

„Европската радиодифузна унија никогаш не потврди дека Мадона ќе настапува, изјави извршниот супервизор на натпреварувањето Џон Ола Сенд, јави Би-Би-Си. Тој нагласи дека Мадона не може да настапува без потпишан договор.

Настапот на поп кралицата беше најавен од страна на нејзините американски и британски издавачи, кои прецизираа дека таа ќе отпее песна од новиот албум Madam X, како и постарата песна „Лајк а прејер”.

Претходно, пропалестински активисти ја обвинија Мадона за „уметнички апартхејд”, инсистирајќи да го бојкотира натпреварувањето во Израел. Но, поп дивата ја бранеше својата одлука да настапи во Тел Авив, истакнувајќи дека никогаш нема да престане да изведува музика со цел да одговара на нечија политичка програма.

Никогаш нема да престанам да изведувам музика за да бидам соодветна за некоја политичка агенда, ниту пак ќе запрам да зборувам против кршењето на човековите права каде и да е во светот, изјави пејачката и додаде дека и се крши срцето секој пат кога ќе слушне за изгубените невини животи во тој регион и за насилството кое толку често се спроведува заради политичките цели на луѓето кои имаат корист од овој дамнешен конфликт“, потенцира Мадона.

Израел е домаќин на натпреварот за Евровизија, откако локалната пејачка Нета Барзилаи победи минатата година.