Нови „бомби“ на интернет, пратеникот Богоевски негира дека порачувал кокаин

0
208

Нови „бомби“ на интернет, пратеникот Богоевски негира дека порачувал кокаинНови прислушувања се објавуваат на интернет. На анонимен профил на социјалните мрежи објавено е видео од 40 секунди во кое пратеникот Павле Богоевски се слуша како нарачува наркотични средства. Богоевски вели дека случајот ќе го пријави кај надлежните за незаконско прислушување. Но кој го прислушувал? Тој самиот се сомнева дека го снимал таксист пред околу 2-3 месеци. Одговорот зошто е објавено видеото, го гледа кај политичките опоненти. До сега, од истиот профил се објавени неколку прислушувања чие објавување веќе претставува казниво и забрането дело. Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 велат дека тие заедно со МВР ги следат информациите поврзани со објавените видеа. Од ОЈО велат дека му дале насоки на МВР да преземе мерки за откривање на идентитетот на лицето кое ги објавува овие видеа на социјалните мрежи. По дознавањето на идентитетот, од ОЈО велат дека ќе започнат кривично гонење на авторот. Го прашавме МВР до каде се со истрагата и кој објавува нови бомби, но се до почетокот на ова информативно издание, од таму немаме одговор. РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИНови прислушувања се објавуваат на интернет. На анонимен профил на социјалните мрежи објавено е видео од 40 секунди во кое пратеникот Павле Богоевски се слуша како нарачува наркотични средства. Богоевски вели дека случајот ќе го пријави кај надлежните за незаконско прислушување. Но кој го прислушувал? Тој самиот се сомнева дека го снимал таксист пред околу 2-3 месеци. Одговорот зошто е објавено видеото, го гледа кај политичките опоненти. До сега, од истиот профил се објавени неколку прислушувања чие објавување веќе претставува казниво и забрането дело. Од Основното јавно обвинителство за ТВ21 велат дека тие заедно со МВР ги следат информациите поврзани со објавените видеа. Од ОЈО велат дека му дале насоки на МВР да преземе мерки за откривање на идентитетот на лицето кое ги објавува овие видеа на социјалните мрежи. По дознавањето на идентитетот, од ОЈО велат дека ќе започнат кривично гонење на авторот. Го прашавме МВР до каде се со истрагата и кој објавува нови бомби, но се до почетокот на ова информативно издание, од таму немаме одговор.