Од утре: Плаќањата и купувањата во кеш само до 500 евра SHARE TWEET PIN

0
63

Од утре нема се дозволени плаќања во готовина над 500 евра.

Од први јуни стапува на сила одредбата од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам со која лани се ограничи висината на плаќањата во готовина.

Ова се однесува и на купувања во готово, односно сите производи чија цена е над 500 евра (во денарска противвредност) ќе можат да се купуваат само на картичка или со уплатница.

Забраната важи и за физички и за правни лица. Казните за прекршување на Законот се од 5.000 до 80.000 евра.

Во јануари оваа година, сумата со која може да врѓат плаќања во готово се намали од 2.000 на 1.000 евра, а од 1 јуни таа се намалува на 500 евра.

Целта на оваа мерка, според властите е да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија. Ова наиде на противење кај трговците и стопанските комори дека тоа ќе го намали прометот.