Олдтајмерите , тјунираните и супер опремените возила ги воодушевија Скопјани

0
303

Олдтајмери и јангтајмери, тјунирани возила, стајлинг на возила, озвучување на возилата и луксузни возила.Шаренило од возила на полигот на АСУЦ.

За добро здравје потребен е добар доктор и превенција, а за здрав автомобил и негуван потребен е добар „автомеханичар доктор“ и секако мерак и љубов. Средното училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ традиционално петта година на полигонот организира ден на автомобили од различни модели и години со цел да се привлечат идните средношколци да се запознаат со училиштето и да станат добро име за доктори по автобомобили.

На пракингот марки и дизјани на сите автомобили, најсимпатичен и посетен делот со олдтајмери автомобили. Васил Стамболиски во мираз добил застава 101 и моторче од 1973 година. Автомобилот го вози, а моторчето е само мерак за очи во дворот.

Младиот Петорвиќ од Врање стигнал со автомобилот од неговиот дедо од 1976 година.

„Како Змај е. Вози како од фабрика да излего. 00.27 Дома сме сите по малку доктори, мојот дедо е прв сопственик и до стара генерација на професори и од 1976 година до ден денеска,автомобилот е чуван, мазен, апцен и во возиме насекаде“.

Симбол на овој ден беше малиот НСУ ПРИНЦ.

Возилото е сопственост на Маринкови, модел единствен во Македонија.

За секој љубител на автомобил тајната е редовни прегледи и внимателно возење.