„Падна“ и Дебар – Васил Јанкула чекор поблиску до целта

0
87

„Преспанскиот херој“ денеска пристига во Дебар од Маврово на 6-тиот ден од својата турнеја околу цела Западна Македонија. Тој својот подвиг го започна во петокот тргнувајќи од својот град Ресен, преку Битола, Прилеп, Велес, Скопје, Гостивар и Маврово. Утре заминува за Охрид која е претпоследната станица од неговата рура, а потоа преку Галичица планира повторно да се врати дома, пренесува Инфо Компас

 

Денеска тој ги посети и манастирите Свети Јован Бигорски и Свети Ѓорѓи во Рајчица.

 

Неговата цел е да докаже дека и лицата со хендикеп се еднакви како и сите останати во општесвото и можат да направат големи дела.