Пендаровски го испрати Иванов од „Вила Водно“

0
334

Попладнево по два мандата Ѓорге Иванов си замина од претседателската „Вила Водно“. Беше испратен од новиот претседател Стево Пендаровски.

Иванов и Пендаровски претходно одржаа средба,  по која се сретнаа и со вработените во претседателскиот кабинет.

Иванов денеска објави статус на својот официјален фејсбук профил  во кој напиша дека функциите доаѓаат и проаѓаат, но човечноста останува.

Со огромна чест, задоволство и одговорност ја извршував функцијата Претседател на Република Македонија во изминативе десет години. Од се срце му благодариме на македонскиот народ и на македонските граѓани за сета укажана доверба и поддршка. Останете во добро здравје и не заборавајте дека само сплотени, обединети и со меѓусебна почит ќе имаме просперитетна и успешна Македонија, пишува Иванов.

Новиот шеф на државата Пендаровски во претседателската вила дојде од Собранието, каде што се одржа свечена инаугурација.

Пендаровски веднаш по преземањето на кабинетот одржа билатерални средби со претседателот на Бугарија, Румен Радев, а се очекува да одржи средба и со албанскиот претседател Илир Мета.