Пендаровски положи заклетва – „Ќе бидам претседател за сите“

0
205

Новиот претседател пристигна во Собранието со службен автомобил. Но, за момент заборави на протоколот.

По интонацијата на химната, Пендаровски даде свечена изјава и заклетва.

Од собраниската говорница порача дека ќе биде претседател за сите граѓани и дека првата работа што ќе ја направи е да подаде рака на опозицијата.

Пендаровски рече дека ќе работи за реформите и ќе се бори против корупцијата. Според него власта, опозицијата и бизнис секторот треба да соработуваат во борба против корупцијата.

Во својот говор, Пендаровски особено го истакна граѓанското помирување. Тој рече дека ќе се заземе максимално не грижејќи се за политичкиот рејтинг.

На свечената седница учествуваа претседатели и  високи претставници од други држави, како на Албанија и Косово, Илир Мета и Хашим тачи, на Србија, Александар Вучиќ, на Бугарија, Румен Радев, министрите за надворешни работи на Грција и Црна Гора и други.

https://youtu.be/BossSoeA2Ko?t=1