Тројца луѓе загинаа, а 16 се водат како исчезнати, откако брод за крстарење вечерва се преврте и потона во реката Дунав во Будимпешта, објави унгарската национална телевизија, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи.
Телевизијата М1 објави дека 15 луѓе биле спасени по несреќата во близина на познатата зграда на Парламентот во центарот на унгарската престолнина по судирот со друг брод.
Нуркачи трагаат по исчезнатите, но силниот дожд во изминатите недели го зголеми нивото на реката со што е отежната потрагата.
На бродот имало 32 патници и двајца членови на екипажот. Државната новинска агенција МТИ објави дека поголемиот дел од патниците биле азиски туристи.
Властите забранија пристап до местото на несреќата, а на брегот има бројни спасувачки возила, /рсе/