По десет дена трчање низ балканот во Тетово пристигна бугарскиот маратонец.

0
298

 

-Јас сакам предизвици а коридорот 8 е голем предизвик. Тој коридор е многу важен, важен е за сите три земји. Помина 10 дена откога почнав да трчам. Треба да се зближат соседите ние сме пријатели ние повеќе знаеме за Америка отколку за нашите соседи. Треба да имаме побрзи патишта да биде достапно да може побрзо да стигаме до нашите соседи, рече бугарскиот маратонец Красимир Георгиев по пристигнувањето во Тетово.
Бугарскиот маратонец Красимир Георгиев започна иницијатива за ултра маратон низ Бугарија, Северна Македонија и Албанија, сакајќи да ги промовира подобрените добрососедските односи меѓу трите балкански земји и пан-европскиот транспортен Коридор 8.
Тој попладнево пристигна во Тетово кој е дел од рутата по која ќе трча овој маратонец.
Проектот за овој маратон се одржува под мотото „Конективност” или поврзување, и е под покровителство на тројцата премиери – Бојко Борисов, Зоран Заев и Еди Рама.