По тешкиот пораз Ципрас ќе свика вонредни парламентарни избори

0
311

Алексис Ципрас ќе мора да најде начин да ја извлече својата партија од бездна откако во неделата доживеа пораз од девет процентни поени од опозициската Нова Демократија на изборите за Европскиот парламент.

„По вториот круг на локалните изборите (на 2 јуни) ќе побарам од претседателот веднаш да свика национални избори“, видливо разочараниот Ципрас изјави во ТВ обраќање.

„Нема да бегам ниту да се откажам од борбата за еднаквост, солидарност, социјална правда“, рече Ципрас.
Најверојатниот датум за предвремените избори е 30 јуни, прогнозираат медиумите во земјата.

На европските избори, Сириза освои околу 24 отсто од гласовите, наспроти 33 проценти на Нова Демократија.

На локалните избори, првичните резултати покажуваат дека опозициската партија на Кирјакос Мицотакис освоила најголем дел од 13 региони во земјата.

„Грција испрати силна порака… народот повеќе не им ја дава довербата“, изјави Мицотакис.
Кандидатите на Нова Демократија водат и во трката за градоначалници на Атина и Солун, каде ќе биде потребен втор круг./ Дојче Веле/