По четири децении традиционалното искачување на Титов Врв ќе се одвива во големи снежни услови.
Искачувањето ќе започне во недела на 26 мај од Попова Шапка од 6 часот. Колоната ќе се движи по Вакуфска патека. Организаторите велат дека безбедноста е на високо ниво, ќе има голема контрола, а медицински тим ќе има постојано додека трае планинарењето.
-Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. Во зависност од метеролошките услови, пред се, поради нивната безбедност клубот има право да ја промени патеката на движење за која сите благовремено ќе бидат известени. До недела наши членови ќе бидат и на терен и ќе ја следат состојбата-истакна Јован Божиновски, претседател на ПК Љуботен клубот.
Годинава искачувањето ќе биде посветено на починатиот еколошки активист и професор Љупчо Меловски
До сега на 37 традиционално искачуавње учество зеле 24 607 лица