Се спасија ли пратениците од нарко тестови?

0
66

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не дозволи  пратениците да се тестираат дали се нарко зависници затоа што немало правен основ за  иницијативата на независната пратеничка група која ја подржаа и ВМРО ДПМНЕ И СДСМ.

Вели дека во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка

Пратеничката Јагода Шахапска од СДСМ претходно рече дека е прифатлива иницијативата на осумтемина независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сите пратеници во Собранието доброволно да направат тест за (зло)употреба на наркотични средства, објави Фактор

Ова е побарано откако беа објавените снимки на кои пратеникот Павле Богоевски наводно се слуша како нарачува кокаин. Богоевски кој ја потврди автентичноста на аудио снимката, но тврди дека нарачувал масло од канабис.