Со штрафцигер тргнал да нападне полицаец

 

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера  околу 21 часот и 30 минути, по претходно пријавена поплака, го лишиле од слобода 20-годишниот Д.Ѓ. од гостиварско Леуново.

При лишувањето, Д.Ѓ. им се спротивставил на полициските службеници и со остар предмет ( штрафцигер) се обидел да ги нападне, меѓутоа бил спречен во неговата намера.

Извршен е комплетен увид и се работи на целосно расчистување на случајот и на откривање на сторителите.

 

Полицискиот билтен регистрираше и сообраќајка на патот Тетово – Попова Шапка и тешка кражба во викендица во Рогачево

 

Дваесет и седумгодишниот А.С. од Рогачево, вчера ( 21 мај ) околу 16 часот пријавил тешка кражба која била извршена во неговата викендичка, лоцирана во месноста „ Корита“, атар на Рогачево, во која немало никој.Засега непознати сторители, во периодот помеѓу 19 и 21 мај, насилно ги отвориле влезната врата и прозорецот во приземјето на објектот и по влегувањето внатре, во дневната соба го пронашле и  одзеле службениот пиштол на татко му  Ј.С.( 53 ) “Сарсилмас СМ 9“ со рамка со 15 куршуми, а опожариле и неколку кревети во просториите, но пожарот не се проширил и најверојатно се самоизгаснал. Дваесетгодишниот Д.Ѓ. задржан е во Полициската станица Гостивар и се работи на расчистување на случајот.

Вчера  околу 16 часот и 10 минути, на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, во тетовското село Гајре, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила со тетовски регистарски таблици:„Форд транзит“ што го управувал 25-годишниот А.Џ, „БМВ“ управувано од 64-годишниот А.Р.  и „Мерцедес“ управуван од 38-годишниот Р.Р, тројцата од Шипковица.

Во несреќата, две сопатнички од „Фордот“ на возраст од 16 и 17 години задобиле тешки телесни повреди, а уште пет лица од истото возило на возраст од 16, 17 и 19 години, завршиле со телесни повреди.Сите повредени со други возила пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.Извршен е комплетен увид.