Според новата методологија цените на горивата ќе се намалуваат

0
85

Регулаторната комисија за енергетика ја скрои новата методологија за определување на највисоки малопродажни цени за нафтените деривати, објави Канал 5

Ветуваат пониски цени за граѓаните до два денари, но и разумен профит за трговците со нафта и нафтени деривати, иако тие барале малопродажна маржа од 6.5 денари добија 4.6 за литар. Трошокот за транспорт во цената ќе влезе со 0,75 денари. Оваа методологија стапува на сила од понеделник.

Претседателот на комисијата Бислимовски вели дека трговците не се задоволни со новата методологија , но вели дека таа е направена со фер пристап со цел задоволување и на граѓаните и на трговците.

Тој рече дека државата за дизелот ќе добива 30 отсто од цената, а за бензинот е нешто повисока, во зависност од висината на цената на берзата.

Бислимовски предложи нов начин како државата полесно да го контролира овој сектор, а тоа е задолжително при увоз нафтата и нафетери деривати тие да одат во складовите и таму да се измерат количините и да се плаќаат соодветните давачки како што е акцизата.

https://youtu.be/fWAHYnJwE3I?t=3