Српската војска и полиција тргнаа кон Косово

0
65

Како што дознава РТС, претседателот Александар Вучиќ ги предупреди претставниците на ЕУ дека Србија ќе реагира ако РОСУ не се повлече од Косово.

Забележани се движења на Војската на Србија и полицијата кон Косово.

Претседателот вио 10:30 часот ќе се обрати од Собранието за најновите случувања во Косово.

Акцијата започна рано во 06.10, во Косовска Митровица.

Медиуми на албански јазик наведоа дека покрај уапсените кои се осомничени за криминал, уапсени се и осомничени за наводна вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ, како и убиството на косовскиот полицаец Енвер Зумбери во 2011 година, пренесе РТС.

Вучиќ побара од Западот да ја „заузда“ Приштина, зашто Србија нема да дозволи етничко чистење.

Според последните информации, акцијата на РОСУ, е спроведена во сите четири општини во кои Србите се мнозинство. „Новости“ пренесоа дека во Зубин поток се случнало и пукање и дека еден човек е повреден.