Викендов на косовската РТВ21, на „Којшија шоу“, гостин беше претседателот на македонското Собрание Талат Џафери. За време на емисијата се придружи и народниот пејач Азис Морина, кој на Џафери му подари врамена карта на голема Албанија (34-та мин од видеото).
Џафери срдечно се заблагодари и рече: „Се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел – да се обединиме духовно, да бидеме заедно таму каде што сме тргнале, во голема обединета Европа“.