Тетовска пожарна – Искршени неисправни и руинирани тоалети, дотраен мебел, простории како од 19 век.

 

Искршени неисправни и руинирани тоалети, дотраен мебел, простории како од 19 век. Вакви слики доби нашата редакција од тетовските пожарникари кои сакаат да останат анонимни. Велат дека подолг период се соочуваат со стара и дотраена опрема за гасење на пожари, но и условите во објектот на Територијалната противпожарна единица Тетово каде најчесто се одмораат после гасењето на пожарите се катастрофални.

-Од Општината постојано ни велат дека ќе одвојат пари за реновирање на објектот но и за опрема, но ситуацијата е се полоша. Се снаоѓаме сами одводните цевки ни поминуваат над плочки, паднати се дел од ѕидовите инсталацијата е лоша ама никој ништо не презема, велат тетовските пожарникари.

На денот на пожарникартие 20 мај кој беше одбележан во кругот на Територијалната противпожарна единица Тетово од Независникот синдикат на пожарникарите, реагираа на немање на услови и опрема за работа, но и неисплатата на дневници за дополнителна работа.

-Нас не ни се исплаќа за прекувремена работа, работа за празник и делник и слично. Ние за ова водиме судски спор и ќе видима на крај што ќе одлучи судот. За жала моравме така да постапиме, затоа што Арифи не сакаше да ги слушне нашите барање, рече Горан Ристевски од Независниот синдикат на пожарникарите.

Тетовските пожарникари после подолг период добија нови униформи. Но тие се уште гасат со стара и дотраена опрема, која е донирана од странски донатори Таква беше и последната донација донирана неодамна протипожарни скали. На скалите пишува дека се произведени во 1963 година.