Уште една жртва на македонските патишта загина мотоциклист

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на патниот правец Кичево-Охрид. Во несреќата учествувале мотоцикл „Сузуки“ и тованро моторно возило

 

На 23.05.2019 година околу 13,30 часот на региналниот пат Кичево -Охрид кај село Другово-кичевско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Г.Т. (63) од с.Куклиш-Струмица и мотоцикл „Сузуки’ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.А. (28) од с.Зајас-Кичево. На пат кон Клинички центар- Скопје во возило на Итна медицинска помош К.А. им подлегнал на повредите.Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Кичево, велат од МВР