Home Спорт Шестотини и триесет планинари го искачија Титов Врв

Шестотини и триесет планинари го искачија Титов Врв

0
108

Шестотини и триесет планинари го искачија Титов Врв во рамки на денешното 38-мо традиционално искачување на највисоката точка

Сите тие ја поминаа „Вакуфска патека” долга  14 километри со висинска разлика од 1047 метри.

-Сите планинари кои се искачија на Титов Врв и безбедно се вратија на Попова Шапка од каде тргнаа утринава. До највисокиот врв на Шар Планина се искачија 630 планинари од 45 планинарски друштва од седум земји. Долж патеката имавме три пунктови, како и пет медицински лица долж патеката кои не регистрираа ниту еден проблем кај планинарите. Иако имаше снег на три места, истиот не беше проблематичен за движењето на луѓето, инфомираше Јован Божиновски, претседателот на планинарскиот клуб „Љуботен” кои се организатори на традиционалното искачување.

Новитет при искачувањето е започнување со работа на апликација за мобилни телефони со која планинарите можеа да вршат препознавање на биолошката разноликост додека пешачат кон Титов Врв.

-Апликацијата е направена од членови на Истражувачко друштво на биолози-студенти и Македонско еколошко друштво. Со таа апликација можеше да се направи скенирање на некое цвеќе на пример и потоа се добива информација за каков вид на растение станува збор, рече Божиновски.

Во текот на вчерашниот ден од манифестацијата на Попова Шапка се одржа еко-акција за чистење на фрлен смет, натпревар во местење шатори, трибина за младинското учество во планинарството и други активности./МИА