Дурмиши – Општина Тетово се позајмува за проекти а општинските пари ги злоупотребува и го троши за вишок вработени во администрацијата.

0
221

Советникот од редовите на Беса во советот на Општина Тетово Беса Дурмиши, реагира на позајмениот кредит на тетовската локалната власт од Светска Банка во во износ од 60,640,000 денари или 986,000 евра, за реконструкција на булеварот В.С Бато во Тетово. Според него за овој прокет немало потреба да се позајмува општината. ако работела домаќински. Тој смета дека средствата што ги добива општината ги злоупотребува а општината секој месец дава плати за дупло повеќе вработени во локалната самоуправа од реалната потреба. -Ако го земаме во предвид средствата што општината ги одвојува за вишокот на вработени во администрација кои се над 200 вработени, средствата што ги дава за невладинии организации кои повеќето од нив се фиктивни и средствата што ги дава за помош секој месец,за една година оваа сума опфаќаа околу 1,500,000 евра.Граѓаните плаќат комунални услуги, плаќат сметките на ЕВН- каде е вклучено и комунална такса, плаќат 2 проценти за секоја продажбана недвижности. Фирмите плаќаат фирмарини секоја година.Овие средства се злоупотребуваат од челниците на општина Тетово, рече Бесар Дурмиши советник на Општина Тетово од Движење Беса Како што реше Дурмиши на крај граѓаните треба да плаќаат за да се соберат средства за задолжениот кредит кај Светска Банка за отворање на булеварот В.С Бато и тоа во период од 13 години. -Ако имавме добро менаџирање на средствата во општината, булеварот ќе се отвореше со сопствени средства, и не требаше да се задолживме со овој кредит, но и булеварот ќе го имавме одамна. Од 2016 година е ветено дека ќе се отвори, ќе не стаса 2020 година уште не е отворен, рече Дурмиши