Фудбалскиот клуб Љуботен од Тетово постои еден век

0
272

Фудбалскиот клуб Љуботен и официјално  е меѓу најстарите клубови во светот. Овој тетовски клуб формиран прв на балканот стана членка на Клубот на Пионери во која членуваат најстарите екипи од државите. Услов е клубот да има над еден век постоење со континуитет на работа, а Љуботен на 28 март годинава прослави 100 години од првиот натпревар.

Сега овој тетовски бренд е рамо до рамо и на листата со 22 фудбалски клуба ширум светот меѓу кои и клубот Шефилд формиран 1857 година.

Во клубот на пионери членуваат фудбалски клубови од кои повеќето играат во првата лига во нивните земји. Но нашиот тетовски бренд едвај опстојува во третата лига. Финансиите и условите за работа велат од клубот се најголемиот проблем. Тренираат во мизерни усслови на нерамен тренер на стариот градски стадион каде се напасува стока. Едвај егзистираат, спонзори има се локални бизниси кои го помагаат клубот од ентузијазам.

Податоците говорат дека Љуботен е формиран од тетовските гимназијалци, а најголем историски успех му е учество во првата македонска фудбалска лига од од 1993 до 1996 година.

Зоран Димовски