Име Вести Македонија Џафери: Нема основ за каква било постапка против пратеникот Павле Богоевски

Џафери: Нема основ за каква било постапка против пратеникот Павле Богоевски

0
187

Од скопско обвинителство го чекаат известувањето од МВР по синоќешниот исказ на пратеникот Павле Богоевски околу случајот со неовластеното снимање и нелегалното набавување на наркотични средства.

Кратко посочуваат дека допрва ќе одлучуваат.  Откако синоќа Богоевски самиот се пријави во полициска станица, денеска не сакаше да дава дополнителни искази.

По бурните реакции за случајот на голем број јавни личности, спикерот Џафери смета дека Собранието нема основ за постапка против пратеникот Богоевски, но очекува надлежните институции да постапат ефикасно и целосно да го расчистат случајот,пренесува канал 5 тв

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка на Богоевски од пратеничката функција и најавија дека ќе покренат иницијатива за одземање на мандатот.

Од ДУИ најавуваат ветинг проект со кој ќе бидат опфатени сите носители на јавна дејност.

Од пратеничката група на ЛДП, пак, најавуваат дека ќе иницираат Закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска, туку за општа употреба. Но вели дека ваквиот закон нема никаква поврзаност со случајот на Богоевски.

Инаку, Богоевски откако потврди дека  гласот од објавената аудио снимка е негов,  но дека не набавувал кокаин туку канабис, синоќа и јавно побарал да му биде направен тест за користење  наркотички средства.