Невреме ја погоди Битола

0
315

 

 

 

 

Силно невреме со град со големина на лешник ја погоди Битола

Град со големина на лешник попладнево падна во населите Областа, Касарната, Црн Мост и околу Клиничката болница, објави apla.mk. Врнежите беа доста интензивни, па градот успеа да побели дел од покривите на објектите. Силното невреме проследено со обилни врнежи на дожд предизвика поплавување на визби во некои згради во овие населби, како и кратки прекини на струјното напојување. Ова е втор ден како Битола е зафатена од обилни врнежи и грмотевици. Силно невреме и вечера го имаше приклештено градот во вечерните часови и го отежна сообраќајот