Наместо современо автопатско решение на кое се чека веќе неколку години, за да се стигне до Охрид и Струга и ова лето ќе мора да се патува и по четири часа, по стар небезбеден пат, објави Алсат М Од туристичкиот сектор алармираат дека ако не се забрза довршувањето на градежните работи, целиот регион ќе се претвори во дестинација каде туристите ќе сакаат да поминат само еден или два дена.
„Погледнете сите земји како автопатски се поврзуваат. Погледајте ја Албанија, Косово, Србија, а Грција и да не зборуваме. Тие сега ја модернизраат и железничката инфраструктура со брзи возови. Ние ќе останеме дестинација која ќе биде на поминување на еден или два дена… Затоа треба офанзива за градење на тие автопатишта особено регионот Скопје – Охрид – Струга да се поврзе со автопат“, изјави Зоран Стрезовски- професор по туризам.
Српската амбасадорка во земјава вели дека српските туристи кои некогаш беа најбројни во регионот, сега побрзо стигнуваат до Халкидики во Грција отколку до Охрид.
„И понатаму доаѓаат српски туристи, но не во оној голем број. За жал пред неколку години имавме непријатни инциденти овде и можеби и тоа влијае. Но, мислам дека и добрата инфраструктура и поврзаноста со Грција и морето. Доста е тешко да се дојде до Охрид. Знаете многу е полесно денес да се стигне до Халкидики и тамошните летувалишта отколку да дојдете до Охрид, што не е логично“, рече Душанка Томиќ-Амбасадор на Србија.
Иако власта ветуваше дека со затоплување на времето ќе се интензивираат работите на автопатот од Кичево до Охрид, сликата од терен го говори сосема спротивнотo, односно таму не се работи ништо