Ахмети – Остваруваме затоа сме на власт 17 години

0
98

 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на 17 годишнината од формирањето на партијата, се пофали дека остварувањето на повеќе полиња како на локално така и на централно ниво ги одржало на власт сиве овие 17 години. Тие како партија никогаш не водела двојна политика и биле транспарентни.

– Да кажеше некој пред 17 години дека нема да претрпиме ниту еден пораз, немаше да веруваме. Ние денеска на 17 годишнината сме горди за успехот и нашите постигнувања. Тоа го направивме  заедно, затоа што осамен никој не може да победи. Успеавме да се мобилизираме и да се организираме, да изградаме одржливи и прифатливи политики за граѓаните. Ги унапредивме правата на Албанците кои беа граѓани од втор ред. Остваривме успех и со правичната застапеност во сите области.  Остваривме  успеси на локално, национално, регионално и меѓународно ниво. Успеавме затоа што нашата заложба беше добронамерна, нашата посветеност беше да правиме работи базирани на волјата на мнозинството граѓани, а особено на Албанците, рече Ахмети.

Тој додаде дека неговите противниците постојано ја омаловажуваат ДУИ, но тоа според него уште повеќе ги зацврстува редовите на ДУИ и ги прави посилни.

– Ние никогаш не сме навредувале, туку  се натпреваруваме со идеи, визии, програми. Во недостиг на визии и програми, другите се занимаваат со разни навреди, што не е вистински пат за да создадеш, да се етаблираш како политичка партија. Јас нема да бидам нивен советник, но патот што го избрале е погрешен и не ги води кон победи, потенцираше Ахмети.