Безживотно женско тело најдено во реката „Оризарска“

0
65

 

Вчера во 15 часот и 15 минути во Полициската станица Кочани било пријавено дека во реката „Оризарска“, кон село Речани-кочанско забележано било женско тело.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани и констатирано било дека се работи за Ц.П.(64) од Кочани и утврдена е смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено за одбукција, а потоа предадено на семејството