Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот и централниот дел на Србија, а штетите во земјоделството и инфраструктурни објекти се уште се утврдуваат. Поради невремето кое што вчера го зафати Белград на некои од улиците се формираа гејзери повисоки од пет метри. Тоа предизвика застој и хаос на улиците.
Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа за слични ,,фонтани” кои што се појавиле на повеќе улици во градот.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ изјави дека по обилните дождови што го погодија главниот град, биле преплавени 20 детски градинки и дека 6.000 домаќинства немаат електрична енергија.
.
По станокот на претставниците на градските служби и на Градското собрание, Весиќ рече дека Секретаријатот за заштита ќе ги распредели децата во други градинки сè додека објектите не се санираат.
Според него, повеќе од 6.000 домаќинства, главно во Земун и во Нов Белград немаат електрична енергија и работат на поправка на трафостаниците./Makfax/