Во нива во тетовско Фалише пронајден канабис

0
186

Вчера пронајдени се стебла од канабис засадени во нива сопственост на Б.К.(42) од Тетово. По насоки на јавен обвинител, стебла од пронајденото растение се дадени на вештачење. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово. Се работи на расчистување на случајот.

Полицискиот билтен регистрираше и сообраќајна несреќа во Тетово со тешки телесни повреди.

Во 22,40 часот било пријавено дека во Тетово на булеварот “Благоја Тоска“ патничко моторно возило “Фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Б.И.(29) од с.Боговиње-тетовско удрило во пешак на возраст од 13 години од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот