Враќање на мандатот и избори или реконструкција-СДСМ денеска одлучува во Охрид

0
76

СДСМ денеска со почеток од 16 часот, во Охрид, ќе ја одржи деветтата седница на Централниот одбор на партијата.

На седницата ќе се дебатира за суштинските промени во партијата, новот систем на делување и работа на партијата како и напредокот на државата, а се очекува и заокружување на внатрепартиските промени и избор на ново партиско раководство, информираат од Бихаќка.

Централниот одбор се одржува само неколку дена по средбата на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела МеркелПораката која тој ја прими во Берлин е дека летово нема датум за почеток на преговори како што веруваше.

Доколку нема датум во јуни или јули, премиерот рече дека сите опции за враќање на мандатот и предвремени избори се отворени, но се поизвесно е дека нема да има таква одлука.

Премиерот Заев тврди дека добил уверување дека во септември Бундестагот ќе даде зелено светло за старт на преговорите.