Гостиварец уапсен во Драч поради шверц со цигари

0
167

 

Албанската гранична полиција уапси гостиварец во Драч, кој се сомничи за шверц на цигари. Се работи за 32-годишниот Ќ.С од Гостивар, кој се товари за кривично дело “криумчарење на стоки акциза” и “трговија и транспорт на шверцувана стока.”

Медиумите пишуваат дека во автобус кој пристигнал од Македонија, а чија крајна дестинација била Италија, биле пронајдени 309 штеки цигари од различни брендови како малборо, вилсон, бос и други.

-Службите на граничната полиција, во спроведувањето на дополнителни мерки за спречување, откривање и казнување на недозволена трговија со акцизна стока, во соработка со царинските служби, при контрола на втората линија на автобуси и камиони, во автобус од Македонија,со кој управуваше Ќ.С. открија скриени внатре во автобусот 309 стеки со цигари од различни марки кои не биле пријавени од страна на возачот на автобусот, стои во полициското соопштение.

Албанската полиција известува дека истражните материјали се предадени на обвинителството во Драч за понатамошно дејствување.