Груевски: Ако го апсат Јанакиески, зошто не го апсат и Сугарески?

0
78

Поранешниот премиерот Груевски од Будимпешта преку неговиот официјален Фејсбук профилот се огласи околу вчерашната акција во која беа уапсени поранешни високи државни функционери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Миле Јанакиевски,

Тој преку профилот соопшти дека со апсењата власта сака да се дефокусира јавноста од рекетот, криминалот, неработењето и предавствата. Според него СДСМ има манири како нивните комунистички предци.

-Пренатрупани со афери, влегувајќи од грешка во грешка, се трудат со апсењата да постигнат два ефекти: првиот, да ја дефокусираат јавноста од секојдневните крупни и несватливи дури и за мали деца грешки и глупости кои актуелната влада ги креира секојдневно, да дефокусира од предавствата на националните интереси, непотизмот, неработењето, рекетот и криминалите со кои се преокупирани, и втората, да покаже некаква сила и важност со што всушност ги лечат своите комплекси и фрустрации од неуспесите на секое поле, освен сервилноста кон соседите каде што се покажаа многу “ефикасни”. Има и трета, ама таа веќе не поминува кај народот: демек спроведуваат правна држава, во која тие се чесни, а опозицијата – криминалци и корумпирани. СДСМ е трета година на власт. Зошто не ги уапси и сегашниот министер за транспорт и новите службеници околу него што цели две години го правеле истото што претходно се случило: пропуштиле навреме да го одземат земјиштето и да ги вратат парите на тој кој го купил. Половина од 2017-та, цела 2018-та и половина од 2019-та новите власти не го одзеле земјиштето, а ги апсат оние што порано не го направиле истото. Зошто ако веќе за таква работа се апси, што е апсурд, со Јанакиески заедно не е и Сугарески? Ако доцнел Јанакиески, доцнел и Сугарески, вели  Груевски.