Груевски: Браво Вардар! Честито шампиони!

0
201

По победата на Вардар, кои ја освои ракометната Лига на шампиони со победата над Веспрем со 27-24, се огласи со честитки и екс премиерот Груевски од Будимпешта. 

Еве што напиша Груевски во својот профил на фејсбук:

” Браво Вардар! Честито шампиони!

Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше!

Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.

Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат.

Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со ,,жар и срце,, може да се успее и да се биде најдобар!

Нека продолжат успесите”!

© Глас.мк