Екс премиерот Груевски нема да биде екстрадиран, одлучи судот во Будимпешта, по денешното рочиште.
Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.
Рочиштето е затворена за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.
Екстрадицијата е барана од страна на Министерството за Правда, за да тој ја одлежи двегодишната затворска казна за предметот “ТЕНК” (Мерцедес) од СЈО.