Груевски поднел оставка со нотарски акт ( Видео )

0
67

Личната изјава за оставка заверена на Нотар во Будимпешта пристигнала во собранието во Среда, објави Телма.

Испратена е да се преведе од унгарски јазик и се очекува најдоцна до Понеделник да се достави до сите пратеници.

На координација ќе се одлучува како ќе се постапи по неа и дали е целисходно во Вторник да се раправа за извештајот на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека доколку оставката е поднесена со нотарски акт тогаш Груевски повеќе не може да биде пратеник и нема основа собранието да расправа за извештајот.

СДСМ ќе изгради став по одржаната кординација со собранискиот спикер Талат Џафери.

Ќе постапат онака како што предвидува уставот и деловникот.

Од кабинетот на Џафери велат дека со оглед на фактот што Груевски не е присутен во земјава единствен начин да ја поднесе оставката е тоа да го стори преку нотарски акт.

Оставката ќе биде ставена на дневен ред во Вторник како прва точка , а втора би била извештајот на комисијата за деловнички прашања. но доколку таа се констатира тогаш нема логика пратениците да се изјаснуваат за одземање на мандатот. Никола Груевски е во азил во Будимпешта повеќе од 6 месеци. Избега од земјава затоа што требаше да оди во затвор за случајот ,, тенк,, каде беше осуден за стекнување корист за набавка на луксузниот мерцедес во вредност до 600 илјади евра.

https://youtu.be/eYTaCjxssNE?t=4