Опозициската конзервативна Нова демократија победи убедливо на вчерашните локални избори во Грција и со тоа ги зацврсти позициите пред предвремените парламентарни избори на седми јули.
Според неофицијалните резултати, Нова демократија има мнозинство во советите во Атина и Солун, како и во речиси сите региони. Имено, кандидатите на Нова демократија победија во 11 од вкупно 13 региони во Грција, меѓу нив и најголемиот регион Атика околу главниот град Атина. „Политичката карта на Грција се менува во полза на Нова демократија“, оцени политикологот Илијас Николапулос за телевизијата ЕРТ, додавајќи дека „вакво нешто досега немало“./ дојче веле/