Драстично намалување на цените на горивата

0
69

Добра вест за возачите .Од полноќ цените на сите горива се намалуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 3,00 ден по литар, во однос на досегашните цени. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,50 ден/лит. Сега ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.