Заврши пробниот попис во 13 општини: Населението старее, паѓа бројот на новороденчиња

 

Заврши пробниот попис што Државниот завод за статистика го спроведе во 13 општини. Постапката започна пред 20 дена, иако законот за попис на населението се уште не е изгласан во Собранието. Попишувачите кои работеле на терен,  регистрирале неколку недостатоци во врска со јасноста на прашањата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека пописот треба да се спроведе согласно меѓународните стандарди.

Статистичките податоци велат дека населението во државава старее, односно во периодот 2008 – 2018 учеството на младото население од 0 до 14 години е намалено од 18.1 на 16.4%. Учеството на возрасно население над 65 години е зголемено од 11.5 на 14.1%. Според овие оценки на периодот 2008-2018 Државниот завод за статистика бројот на новороденчиња е намален за 7%, а скалата на наталитет  за 0.9%. Податоците покажуваат дека е зголемена скалата на морталитет која во 2018 година бележи пораст од 9.5%. Во периодот од 2008 до 2018 забележан е пад на бројот на склучени бракови за 8.2% а зголемен бројот на разводи за 34%. Активностите на терен попис на населението се спроведоа во 13 општини низ државава. Главна цел на овој пилот попис е тестирање на организациските подготовки за новиот пристап со комбинирана методологија / извор тв 21/