Загина младо момче кај Смилковци

0
61

Во 01 часот и 47 минути утрово во Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од селото Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која 20-годишниот А.Ј. од селото Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на настанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди.