Заев – ќе го зголемиме нашето учество во воените мисии

0
219

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека ќе биде зголемено военото присуство во Ирак и Авганистан.

Спремни сме за обврските што ни претстојат. Владата е цврсто решена за 0,.2 проценти да го зголемува воениот буџет секоја година и до 2024 тој да изнесува два отсто од БДП за модернизација на армијата и индивидуалните способности. Војската во иднина ќе го зголеми своето учество во мисиите и ќе помагаме во НАТО-фондовите во Ирак и Авганистан, односно во борбата против ИСИС и ДАЕШ“, рече Заев.

Тој додаде дека нашата држава веќе има економски бенефит од воената алијансата.

Странските инвестиции се три пати поголеми од просекот од последните години, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, платите се зголемени за 6,1 посто. НАТО носи економски прогрес“, посочи Заев.