Заменик министер во Министерството за образование и наука Петар Атанасов поднесе оставка

0
259

 

Заменик министер во Министерството за образование и наука Петар Атанасов поднесе оставка. Тој преку својот Фејсбук профил се обрати лично до премиерот Зоран Заев

 

Почитуван Претседател на Владата г-дин Зоран Заев,

Сакам да Ве известам Вас и јавноста дека поднесувам оставка од позиција на заменик министер во Министерството за образование и наука. Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите!

https://www.facebook.com/petar.atanasov.790/posts/10213338681796726