Идниот министер за политички систем Садула Дураку имал познавања од интернет експлорер, пишувало во предлогот до Собранието

0
181

Садука Дураку од ДУИ, досегашниот министер за животна средна, кој е предложен за нов министер за политички систем, имал познавања од Интернет експлорер и Мајкорософт офис. Ова го пишувало во неговата куса биографија доставена до Собранието, пренесува порталот СДК.МК.  Од други способности, навел: солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност.

Хусни Исмаили од Алтернатива, кој е предложен за нов министер за култура, е професор на факултетот за Медицина на Универзитетот во Тетово, наведува порталот.