Итните медицински служби ќе добијат нов кадар, кој недостасува подолг период

0
72

 

Итните медицински служби ќе добијат нов кадар. Министерството за здравство објави нов оглас во кој се покануваат сите заинтересирани доктори на медицина да се пријават и достават писмо за интерес до Министерството за здравство. Заинтересираните доктори на медицина треба да имаат завршена пробна работа, положен стручен испит и лиценца за работа.

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА РАБОТА ВО ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМСо цел да се обезбеди…

Gepostet von Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë am Freitag, 31. Mai 2019

 

Огласот освен за службите од брза помош важат и за здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

Инаку брзата помош од Тетово во неколку наврати реагираше на недостатокот на кадар во нивната служба

Како што рекоа на смена дежураат само по двајца лекари. Едниот лекар дежура во амбуланта и практично само еден оди на терен и одговара на итните случаи. Началникот на брзата помош од Тетово Африм Алиу, вели дека се случува во исто време да имаат по неколку повици, во рамки на нашите можности гледаме секаде да стигнеме навреме, но некогаш тој признава дека се доцни. Проблемот како што рече може да се реши само со вработување на повеќе доктори и друг медицински персонал.

Недостигот на кадар има создава дополнителни маки, кои ги трпат самите вработени во тетовската брза помош. Тие постојано се изложени на секаков вид напади од страна на пациентите, доколку не стигнат за кратко време на местото каде биле повикани.