Кандидатот на опозициската Републиканска народна партија Екрем Имамоглу води во изборната трка за градоначалник на Истанбул, покажуваат првичните резултати.
Од преброени повеќе од 90 проценти од гласовите, Екрем Имамоглу има освоено 53.8 отсто од гласовите.
Тој победи и на изборите во март, но тие избори беа поништени по барање на владејачката партија која се жалеше на неправилности во изборниот процес.
Кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот, Бинали Јилдирим, според првичните резултатаи што ги објави агенцијата Анадолија освоил околу 45,29 отсто.
На изборите во Истанбул гласале околу 84,39 отсто од регистрираните гласачи.
Според податоците на Врховната изборна комисија, право на глас имале повеќе од 10 милиони гласачи.
На денешното гласање имаше зголемени безбедносни мерки и помина без поголеми инциденти. Вечерва се очекува да бидат објавени и официјалните резултати од изборите.