Име Вести Македонија Медиумските перјаници на Заев удрија по ракометарите и народот кој го прославуваше...

Медиумските перјаници на Заев удрија по ракометарите и народот кој го прославуваше нивниот успех (ФОТО)

0
265

Медиумските перјаници на премиерот Зоран Заев и неговата партија СДСМ се најверојатно единствени граѓани на оваа држава кои не се израдуваа на големиот успех на Вардар.

Народот од срце ја прославуваше големата победа и покажуваше гордост кон Стојанче, Тимур, Игор, Дејан, Кристиан….

Овие луѓе, блиски до Зоран Заев, удрија по ракометарите, но и по македонските граѓани кои го прославуваа успехот.

Мирјана Најчевска со жестоки нацреди за Комитите, ги нарече багра неписмена.

„Дали им е дозволено на Албанците граѓани на Северна Македонија да бидат навивачи на Вардар?
А на комуњарите?
А на атеистите?
А на тие кои не веруваат дека потекнуваме од Аце таткоубиецот?
А Турците од Република Северна Македонија, може?
А тие кои гласаа на референдум за Северна Македонија, смеат да бидат навивачи на Вардар?
А баби како мене смеат да навиваат за Вардар, или само дедовци?
Да прашам
Да не има некаде некој правилник.
И кои сте бре вие самонаречени Комити (кои немате врска со комитите и кои само го валкате историското значење на овој поим) да кажувате кој е навивач, а кој не? И кој смее да биде на плоштад а кој не.
Ајде бре сиктер багро неписмена“-пишува таа.

Најчевска не застанува тука. За неа Вергина е ва*ина, а народот гревови.

„Кога им ги приватизираа претпријатијата, молчеа. Затоа што се горди Македонци.
Кога им ја даваа земјата под концесија, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога ги губеа работните места затоа што ги ставаа под стечај, молчеа, затоа што се Горди Македонци.
Кога гилиптерите и измамниците од нивното мааало се богате асо мамење и крадење, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога им умираа децата од лошо зравство, лоша исхрана, загаден возух и загадена вода, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога кој ќе стигне на власт ги крадеше нивните пари, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога се исподавија затоа што некој ги украл парите за изработка на одводни канали, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога образованието потона под нула, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога се вработуваа партиски војници и роднини и швалерки и швалери, молчеа, затоа што се горди Македонци.
Кога им ги трошеа парите на споменици и златни рамки и дебели килими за канцелариите, молчеа затоа што се горди Македонци.
Ама знамето од вагина, пардон, Вергина, е во тоа немој да им пипнеш. Затоа што се горди Македонци.
Можете слободно да го замените зборот Македонци со Албанци, а знамето со разлетаните пеперуги, пардон, разлетаните орли. 
Е гревови мои тажни“-пишува таа.

Пренесуваме уште еден нејзин статус во ваква насока: 

„Ова е она што јас го напишав.

Што е тоа што ја предизвика лавината на некултура, примитивизам, насилство, вулгарности?

Тоа што реков дека станува збор за убава спортска победа?

Или тоа што кажав факти за тимот и неговиот сопственик (кој е впрочем осомничен за перење пари)?

Проблем е што не се согласувам дека треба да се вее знамето од Вергина? Кое впрочем не се веело за време на ниту една револуционерна активност на овие простори.

Или оваа река од исфрустрирани и насилни коментари беа испровоцирани со барањето да нема говор на омраза?

Хммм.

“Кога од убава спортска победа после два интригантни натпревари ќе направиш гомнарија …
Прво, Вардар е спортски тим кој на натпревар настапуваше како спортски тим од Северна Македонија. Не од Античка, не од Поранешна или некоја друга.Втро, тоа е приватен тим кој е во сопственост на руски бизнисмен.
Трето, во тимот има еден Македонец, ако не се лажам.
Никако не можам да разберам каква врска има победата на овој и ваков тим кој доаѓа од Северна Македонија со знамето на Вергина.
И не сум сигурна како смртта на некој Албанец ќе придонесе за натамошните спортски победи на овој тим.
И лично мислам дека треба да почнат да се казнуваат навивачките групи кои шират омраза против Македонци, против Албанци, против било која група кој ќе им дојде на удар. И кои промовираат таков вид на наислство кое завршува со тепачки па и со убивање.
Казните вообичаено почнуваат со забрана на присуство на натпревари и се зголемуваат соодветно на предизвиканата омраза и насилство.“

Се изјасни и гласниот поддржувач на Зоран Заев, Бранко Тричковски.

„Колективна дефекација

На сите спортски манифестации нормалноста треба да навива против претставниците на Северна Македонија. Од искуство ви кажувам дека тоа е аристократска поза и став. Мислам, каква смисла има да бидеме светски прваци во фудбал или македонска екипа да победи во американскиот Супер бол, кога тоа ја тера нацијата на колективна дефекација од која засмрдува се живо и диво околу нејзината септичка јаметина“-пишува тој..

 

Васко Иловски е партиски активист на СДСМ, кој поради книшката си доби вработување на работно место инспектор во МВР.

Извор курир.мк