Мицкоски: Кога и да се случат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада со која Македонија ќе оди напред

0
266

Ви ветувам обнова и за таа цел победа на следните парламентарни избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред своите сопартијци на прославата на 29 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Не испорача ниту барање за широка Влада до добивање на датум за преговори со Унијата, ниту побара предвремени парламентарни избори по средбата Заев-Меркел по која стана јасно дека земјава нема во јуни да добие датум за преговори со Европската Унија.

Рече Заев е на колена и во сопствената кал, а ВМРО-ДПМНЕ се издига и ќе ја формира новата Влада.

„Заев е на колена, во соптвената кал. Не мислете дека заборавам од каде почнавме. СДСМ и Заев се тргнати по надолнина од која нема враќање. Ова е битка во која влегов свесно, ја вложувам мојата душа“ – рече Мицкоски.

Тој рече дека ќе се бори земјава да добие датум за старт на преговорите со ЕУ. Според него нема датум не затоа што Европа не нè сака, туку затоа што Владата не ја бива. Потенцираше дека тие нема да се користат со методи на СДСМ и да предизвикаат криза со демонстрации, блокади, непослушност и шарање објекти, зашто во овој момент е најважно да не се испушти шансата Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ.

Според Мицкоски, граѓаните не треба да бидат заложници на неспособната Влада.

„Да ја внесе Македонија во семејството на европските народи. Па таму толку колку што сме, толку колку што не има, а не има доволно, да победиме од внатре. Да ги убедиме нашите сојузници и пријатели за македонската посебност, за вековната борба на македонскиот народ и на македонската нација, за суверена сопствена држава под името Република Македонија. Ајде оваа методологија да ја направиме. Ако сега погрешиме, ако сега избрзаме се плашам дека ќе нема следна генерација Македонци која што многу брзо ќе може да ја корегира таа грешка“ – рече Мицкоски.

Мицкоски ја обвини власта за крах во економијата, за лоши политики во евроинтеграциите, за колективна психоза на народот. Пред поранешни и актуелни функционери од партијата порача дека по преземањето на власта, ќе има и одговорност за сторениот криминал.

Пораките од лидерот ги слушнаа и дел од неговоте довчерашни жестоки критичари во ВМРО-ДПМНЕ.