среда, септември 18, 2019
дома Вести Македонија Мицкоски: Ние нема да им нудиме национал романтичарски понуди на Албанците, туку...

Мицкоски: Ние нема да им нудиме национал романтичарски понуди на Албанците, туку проекти за подобар живот

0

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара поддршка на национал романтична платформа од ниту една етничка заедница во Република Македонија затоа што видовме дека тоа не води кон подобар живот за нашите сограѓани, без разлика од која етничка или верска заедница припаѓаат.

Имаме платформа, имаме програма која што ќе ја понудиме, програма која што треба да ги реши проблемите на граѓаните. Доколку биде препознаена од страна на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека национал романтичните понуди кои што Зоран Заев и СДСМ ги испорачуваа во изминатиот период видовме дека повеќе не наидуваат на поддршка што се докажа во првиот круг на претседателските избори кога таа се сведе на статистичка грешка.